ДУИ: Имаме договор за консензуален претседател, предлог по договор со СДСМ

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален кандидат. Бујар Османи од ДУИ, кажа дека се уште е рано да каже дали тие ќе извадат свој предлог на маса, за кој ќе бараат поддршка од коалционерите.

„Начелен договор за консезуален кандидат постои со СДСМ, уште кога се формираше коалицијата. Сметаме дека државата треба да ги надмине етничките и партиски препреки затоа што претседателот треба да биде фигура што ги спојува сите. Не сакаме да се доведеме во ситација како со Ѓорѓе Иванов, кој не ја извршуваше функцијата како што треба. Се обидовме оваа идеја да ја реализираме со ВМРО-ДПМНЕ, но не успеавме, тие одбија. Се надеваме дека со СДСМ ќе најдеме заеднички прифатливо решение“, рече Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа