СДСМ: Мицкоски не го бива ни за портпарол

Антизападниот Мицкоски не го бива ниту за портпарол.

Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема ниту план, но мислеле на методолијата, како што вели тој. Сериозен човек, каков што не е Мицкоски, би се срамел ова да го каже пред граѓаните.

Не поминуваат омразата и поделбите коишто ги шири антизападниот Мицкоски, граѓаните ги отфлија.

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Истовремено, не само што целосно е гарантирана соодветната употреба на македонскиот јазик како прв официјален јазик во Македонија туку сега е и меѓународно признат и ќе се употребува во НАТО и ЕУ. Тоа е вистински патрoитизам, потврден и признаен македонски идентитет и македонски јазик од цел свет.

Мицкоски не успеа да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани.

Македонија оди напред во НАТО и ЕУ како едно општество за сите.

Мицкоски го чека пораз на следните претседателските избори, го чека пораз на било какви избори.

Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега