ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши атентат на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција на сооптението на СДСМ.

СДСМ ја укина правната држава во Македонија. Власта предводена од аболицираниот Заев со шверцерскиот начин на кој што го објави Законот за двојазичност во Службениот весник без потпис од Иванов по кој знае кој пат го прекрши Уставот, законите и процедурите.

 Промената на името, идентитетот, јазикот и историјата, заедно со воведување на двојазичноста на целата територија на државата претставуваат своевиден атентат на Републик Македонија.

 

 За сите овие противуставни, противзаконски и противделовнички делувања ќе има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријави против сторителите на овие кривични дела .

 

 СДСМ со своите штури соопштенија по кој знае кој пат покажува дека се плаши од предвремени парламентарни избори.  СДСМ се плаши од избори на кои ќе биде казнето за црнилата кои ги донесе, ќе ги казнат за промената на името и уставот, за откажувањето од се што е македонско, за воведувањето на двојазичноста за криминалот и корупцијата. За спас на Република Македонија потребни се предвремени избори веднаш!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега