ФОТО: Фотографија од тешката несреќа доцна синоќа - возило слета во „Луда Мара"
Едно лице е повредено синоќа откако патничко моторно возило „југо“ слета во реката Луда Мара во кавадаречкото село Ваташа, во близина на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур.
Од итната медицинска помош потврдија за МИА дека едно лице е пренесено во кавадаречката болница со повреди на главата.
Фотографијата од несреќата е објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам.
18.01.2019 - 08:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа