ВМРО- ДПМНЕ: Црнила надвиснаа над Македонија денот кога Заев седна во премиерската фотелја

Од ВМРО- ДПМНЕ, преку соопштение утринава велат дека писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско.

„Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата.Црнила надвиснаа над Македонија денот кога аболицираниот Заев седна во премиерската фотелја. Граѓаните осиромашуваат, економијата е пред колапс, давачките кон државата растат, нема нови проекти, здравството и образованието тонат.  Македонија е понижена и клекната на колена, се распродаваат државните и националните интереси.Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери, се измислуваат државни функции, се исмупмупуваат буџетски пари преку криминални тендери и грантови. Лек за црнилата на Заев е македонскиот граѓанин, кој на следните избори ќе го испрати Заев во политичка пензија.“ стои во соопштението од опозициската ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега