Тешка сообраќајка во кратовско- тројца скопјани повредени
Вчера во 09 часот и 15 минути во село Кетеново, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40- годишниот С.Б од Скопје и автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25- годишниот Д.Т од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 57- годишниот Љ.И од Скопје, сопатник во патничкото возило, додека 83- годишниот Д. К од Скопје и 24- годишниот Г.Ј од Скопје, исто така, сопатници во патничкото возило, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа