СДСМ: Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата. 2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата, најави СДСМ.

„Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица. Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката“ се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега