Стоилковски: Мерките на власта против загадувањето не се долгорочни

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски го искажа својот став во врска со мерките кои Владата ги презема против загадувањето на воздухот.

„Колку што знам во Прилеп над 1000 дојде загаденоста што е алармантно, што е еколошка катастрофа која што се случува во државата и којашто покажува дека оваа власт предводена од Зоран Заев е наменета само за една намена и воопшто немаат ниту способност, ниту сакаат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните. Се работи за еколошка катастрофа којашто е еднаква на геноцид , дури и објавените мерки од нивна страна не се мерки коишто долгорочно ќе допринесат за  намалување загаденоста, туку е една мерка којашто е само некакво набрзина гасење на пожарот, условно кажано. Две години поминаа откако се на власт ветуваа чист воздух, ветуваа итни мерки, ветуваа мерки коишто долгорочно ќе го намалат загадувањето. Сведоци сме само на една мерка за којашто постои огромен сомнеж, а тоа е дека после секое енормно зголемување на загаденоста се расипуваат мерните станици и се гасат мерните станици низ градовите и оние места каде што ќе се покаже енормно загадување. Колку што имам информации сабајлево не работи мерната станица во Прилеп, онака како што не работи подолго време мерните станици низ дел од Скопје каде што се покажуваше најголемо  загадување, ВМРО-ДПМНЕ предложи сет од десетина мерки пред подолг временски период во насока да се намали, системски да се намали загадувањето за да може да имаме поздрава животна средина во справување со оваа еколошка катастрофа, но сепак нема никакво почитување на тоа што ќе дојде како предлог на ВМРО-ДПМНЕ во насока на справување со овој огромен проблем за граѓаните“, рече Стоилковски.

Исто така беше прашан и за ситуацијата со пазарџиите и нивниот штрајк против новиот Закон.

„ВМРО-ДПМНЕ уште веднаш по објавувањето на информациите дека ќе биде донесен ваков Закон односно предлог Закон, реагираше и посочи на штетноста на едно вакво законско решение со кое што се опфатени мислам дека една третина од оние коишто делуваат на зелените пазари, но и штетноста по буџетот на Република Македонија со оглед на тоа што како што посочивме во неколкуте прес конференции организирани токму во насока на штетноста на оваа мерка предложена од власта“, изјави Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа