СДСМ: Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и игнорирањето на проблемот придонесе загадувањето да ескалира

11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо на потребите на граѓаните се посвети на криминал и корупција, велат преку соопштение од СДСМ.

„Цели 11 години антинародната ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше зеленилото, ја загрозуваше животната средина заради остварување на криминални интереси.За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, време кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, домаќинствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.Тоа беше уште директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.“ наведуваат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека за разлика од таквиот игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, преку низа мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

„Интервентните мерки за продолжување на распустот на учениците, воведувањето на бесплатниот градско превоз во Скопје и ограничувањата на градежните активности се со цел да се заштити здравјето на граѓаните и на децата.Покрај овие интервентни мерки се реализираат и системски мерки, интензивно се работи на проектот за гасификација што директно ќе придонесе за значително помала загаденост, се зголемуваат зелените површини, се засадуваат нови дрвја и садници, се субвенционираат еколошки горива за греење, се заменуваат нееколошките со еколошки горива во училиштата, се набавуваат нови еколошки автобуси, ставен е во функција заштитен филтер за апсорбирање на штетните честички во Дрисла, се набавува филтер за Југохром, се расчистуваат диви депонии.“ велат од паријата.

Од СДСМ нагласуваат дека ова се само дел од мерките што секојдневно се преземаат за решавање на долгодишниот сложен проблем со загадувањето од страна на Владата, општините, Град Скопје и сите надлежни институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа