СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против заедништвото, ниту една постапка на антизпадниот Мицкоски нема да го закочи напредокот на Македонија

Со секоја своја постапка ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски покажуваат дека се против заедништвото, против напредокот, против европските вредности и концептот едно општество за сите, соопштија од СДСМ.

„Неоснованите иницијативи, пласираните невистини и деструкцијата на антизпадниот Мицкоски, здружен со Јанко Бачев, нема да го поткопа концептот едно општество за сите, нема да го спречи напредокот на Македонија.Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен како што тврди антинародното ВМРО-ДПМНЕ.Вистината е дека е во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.“велат од СДСМ преку своето соопштение.

Од партијата нагласуваат дека прв официјален јазик во Македонија останува македонскиот јазик сега и меѓународно признат од целиот свет.

„Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.Откако Иванов го прекрши Уставот, во надлежност на Собранието и согласно можностите коишто ги дава Уставот, објавувањето на Законот е правен, законски механизам, за Собранието да функционира Собранието.Не поминуваат деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните силно го поддржаа концептот едно општество за сите и одбраа иднина во ЕУ и НАТО.Нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на изолација, поделби, омраза и неизвесност“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега