ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го укина покачувањето пензии на пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста.

СДСМ и понатаму продолжува да ја лаже македонската јавност. Пензионерите се жртва на криминалното и неспособно владеење предводено од аболицираниот Зоран Заев.

          Пензионерите се категорија на граѓани за кои СДСМ никогаш не воделе грижа. Црнилата кои ги донесе оваа криминална власт на своја кожа ги чувствуваат над 300.000 пензионери во државата.

          ВМРО-ДПМНЕ не го укина усогласувањето на пензиите, туку  11 години континуирано ја зголемуваше висината на пензиите. Токму СДСМ се тие кои го укинаа покачувањето на пензиите.

          Со СДСМ на власт пензиите повеќе нема да растат како последица  на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%.Трошоците за живот секојдневно растат, даноците се зголемуваат, а СДСМ со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување  го намалува покачувањето на пензиите кое што следуваше со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ.

          Кога ВМΡО-ДПМНЕ беше на власт, најнисκата пензија ја зголеми за 106%, а пρосечната за 80%.

          Најниската пензија се зголеми за 106 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари.

          Откако СДСМ е на власт, почна да се служи со старите методи, односно во периодот 2002-2006 година им скрати на пензионерите 8%, пари кои никогаш не им беа вратени.

          Пензионерите можат да видат како работи СДСМ, а добро знаат како работи ВМРО-ДПМНЕ.

          Поради ваквите погубни политики на СДСМ граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега