Партијата „ДОМ“ е против предвремени избори

Партијата ДОМ е против предвремени парламентарни избори. Партиската претседателка, Маја Морачанин во интервју за Независен вели дека сега е време за почеток на преговорите со ЕУ, а не за предвремени парламентарни извори

Во тек е внатрепартиска дебата околу настапот на ДОМ на претседателските избори, по која органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука. Досега не сме имале разговори со коалицискиот партнер и очекуваме наскоро да ни биде презентирана идејата за консензуален кандидат. Она што е клучно за ДОМ, е личниот и професионалниот интегритет на кандидатот или кандидатката за претседател. Тоа треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните и што ќе работи во интерес на сите граѓани, посветен на соработка со останатите држави и на евроатлантските интеграции на земјата. Исто така, за нас како зелена партија се многу важни ставот, посветеноста и разбирањето на заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.

Во однос на предвремените парламентарни избори, сметам дека не е момент за тоа. Јуни ќе дојде набрзо и очекуваме да добиеме дефинитивен датум за почеток на преговори со ЕУ. За тоа е потребно да се реализираат реформите и мислам дека тоа треба да биде фокусот на Владата и Собранието.“ – вели Морачанин за Независен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега