Нови детали: Македонецот во Австрија ја убил сопругата пред очите на малолетните деца
Македонецот си ја уби сопругата во Австрија пред очите на многу минувачи. Локалните медиуми пишуваат дека 36-годишниот маж ја убил со нож сопругата кога и задал повеќе убоди во вратот.
Таа искрварила до смрт на паркинг пред супермаркет, а се создала паника.
За настанот да биде уште потрагичен, децата на брачниот пар кои имаат 6 и 10 години го виделе злосторството.
Институциите веднаш ги згрижиле.
22.01.2019 - 12:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа