"Кјуриосити" со ново откритие: Има вода на Марс!

Роверот "Кјуриосити" кој подолг период врши истражувања на Марс, откри дека постојат траги од вода на Црвената Планета.

Кјуриосити пронашол молекули на вода врзани за други минерали во марсовската почва кои говорат дека 2% од почвата на Марс е составена токму од вода.

- „Досега мислевме дека Марс е суво место, па откритиево беше многу возбудливо за сите нас“, изјавил Лори Лешин, деканот на Rensselaer Polytechnic Institute за Гардијан.

Инаку, ова не е првиот знак дека постои вода на Марс. Кјуриосити пред неколку месеци пронајде примерок од камен кој содржел вид на глина кој може да се формира само во неутрална вода, со што се докажа дека некогаш на оваа Планета навистина имало вода.

27.09.2013 - 09:38

најчитано сега