Малолетник избегал од „Ранка Милановиќ“ ја истепал мајка му па дивеел со нож

 

Во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека истиот ден околу  09:45 часот нивен 17-годишен штитеник самоволно ја напуштил установата.

Истиот ден во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода 47-годишната Љ.К. од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом од страна на нејзиниот 17 годишен син, кој избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“  физички била нападната.

Во Полициската станица Кисела Вода и Т.М.(39) од Скопје пријавила дека во продавница на улица „Христо Татарчев“ додека била на работното место 17- годишниот малолетник влегол со нож во раката и упатил вербални закани.

По преземени мерки од полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Потоа малолетникот бил вратен во установата од каде се оддалечил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега