Македонецот во Австрија со часови ја чекал сопругата за да ја убие - претходно и се заканувал
Австриските медиуми со нови детали за грозоморното убиство пред супермаркет, каде Македонец си ја уби сопругата со нож.
Убиецот сакал да разговара со сопругата, но таа го одбила, пред да ја избоде до смрт во австриски Тулн, и тоа пред очите на двете малолетни деца од 6. и 10. години.
Македонскиот државјанин што е уапсен за убиството, наводно, ја малтретирал сопругата и честопати ѝ се заканувал, по што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати, соопштија локалните власти, а пред да ја убие ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга.
Децата се згрижени, а тој е притворен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа