ДОМ: Прво реформи, а потоа избори со една изборна единица

Ставот на ДОМ е дека сега не се потребни предвремени парламентарни избори, туку фокусот треба да биде на реализирањето на реформите со цел започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Укажуваме дека при предвремени парламентарни избори оваа пролет, може да се случи и ситуација да немаме избрано Влада во моментот на одлука на ЕУ.

Следејќи ги најавите за предвремени парламентарни избори оваа пролет, ДОМ ја реафирмира потребата од итна измена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Ова е наша долгогодишна заложба, за која бил поднесен и предлог-закон во Собранието, но, немало слух за тоа.

Коалицијата што ја формираше СДСМ пред последните парламентарни избори даде јавно ветување дека ќе придонесе за демократизација на општеството и преку промена на изборниот модел од шест во една изборна единица. Сметаме дека е време да се пристапи кон исполнување на предизборното ветување.

Демократска обнова на Македонија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега