Левица за една изборна единица: Да се разбие монополот на власт на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНE

Од Левица обвинуваат дека СДСМ ги заборавиле ветувањата од предизборната програма.

-Сегашната власт целосно заборави на се’ останато откако дојде на власт, вклучувајќи ги пред се’ економските проблеми на граѓаните, а вклучително и имплементација на своето изборно ветување за една изборна единица.

Од партијата додаваат дека досега требало да се причисти и избирачкиот список, а бараат и намалување на бројот на пратениците.

-Треба да се разбие монополот на политичката власт на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и во таа насока треба да се направи промена на изборниот модел, да се воведе една изборна единица, да се воведат отворени листи и бројот на пратеници во Собранието да се намали на 80, зашто во моментот има премногу џаболебари во Собранието, кои трупаат „патни трошоци“ на сметка на граѓаните”, велат од Левица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега