Македонецот кој ја уби сопругата ги шокираше и инспекторите - открил ужасни детали
Албанец од Македонија, 36-годишниот Џемаил М. го згрози светот вчера кога на паркинг пред супермаркет во Австрија откако со часови ја чекал сопругата, откако таа се појавила со нивните две малолетни деца, ја избодел со нож пред сите кои излегувале од маркетот.
Тој го признал злосторството, а при испитувањето ладнокрвно им рекол на шокираните инспектори дека ја убил сопругата и дека тоа го сакал.
- „Да, ја убив, тоа и го сакав!“, рекол мртов-ладен.
32-годишната Земира К. која беше убиена со повеќе убоди во вратот, била малтретирана подолго од љубоморниот Џемаил, а Судот поради насилството му забранил да се приближува.
Несреќната жена не сомневајќи се на ништо тргнала да купи храна за децата, а потоа по нив требало да оди во школо, меѓутоа во заседа ја начекал Џемали и со два убода со нож во врат ја убил на лице место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа