Возило излета од патот - скопјанец тешко повреден
Околу 11.40 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, 62-годишниот З.К. од Скопје, управувајќи патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(57) од Скопје и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Свети Николе, со возило на Итна медицинска помош, бил префрлен во Медицински центар Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
23.01.2019 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа