Дачиќ: Со ова ги убедуваме државите да го повлечат признавањето на Косово

Вистината е единствено оружје кое го користи Србија за да ги увери другите земји да го повлечат признавањето на Косово, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Вечерни новости“.

Дачиќ го изјави ова како одговор на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли кој кажа дека има сознанија дека Белград ветува финансиска помош и оружје на мали афрички земји во замена за повлекување на признавњето на косовската независност.

-Во светот во кој Пацоли и неговата дружина се сеуште заглавени, оружјето е и понатаму монета за поткусурување. Нашето единствено оружје е вистината која ја шириме по светот. И само со тоа, и со одредбите од меѓународното право, се бориме за зачувување на нашите национални интереси. А Приштина, свесна дека се повеќе држави го повлекуваат признавањето на Косово, се почесто се корсти со лаги. – истакна Дачиќ.
Тој истовремено му предложи на Пацоли да се навикне што поскоро на новите околности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега