СДСМ: Ѓорчев е првиот кандидат кој кажа дека ќе тргне по стапките на Груевски и Иванов

Владимир Ѓорчев е првиот кандидат кој јавно обелодени дека сака да застане рамо до рамо со Христијан Мицкоски, против ЕУ и НАТО, да тргне по антизападните стапки на Груевски и Иванов.

Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 20 години Ѓорчев ги премолчува сите криминални и погубни политики на неговата партија. Со години молчеше за криминалите на Груевски, денес молчи за антидржавното и антизападното однесување на неговиот шеф, Мицкоски.

Можеби Јанко Бачев ќе биде еден од кандидатите?

На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, не им е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза и поделби заради одбрана на злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги штити нивните интереси и застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов, ниту нов Груевски.

Кого и Мицкоски да одбере за кандидат на претседателските избори, може да се подготви само за пораз.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега