СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред

ВМРО-ДПМНЕ е навикната на масовна партизација и злоупотреба на институциите пред избори и затоа гледа наводни скандали во секоја редовна активност на јавните и државните претпријатија, обвинуваат од СДСМ.

„Таквиот однос кон институциите и граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Не е точно дека во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје ќе се вработуваат 700 лица како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Според јавно достапните податоци, станува збор главно за  продолжување на истечени договори на веќе вработени лица, како и пополнување на испразнети работни позиции.

Сите државни институции и државни и јавни претпријатија, денес работат независно и професионално, а работните места се пополнуваат согласно годишните програми на институциите и претпријатијата.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести што е нивен единствен начин на дејствување“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега