ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ удира по најранливите категории за да може да си качи плата

СДСМ и Министерството за вистина не може и натаму да лажат и замајуваат јавноста. Пензиите се намалени токму како што признава Мила Царовска, намалени пензии наместо смрзнување на пензиите или  зголемување старосна граница, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски

„Пензиите се намалуваат, членовите на владата си покачија плата. И тоа е факт.

Криминогената власт удира по најранливите категории за да може да си качи плата. Пензионерите, пазарџиите и работниците ќе треба да ги плаќаат задоволствата на картелот која им го поскапува лебот, даноците, секојдневните давачки.

Дупката која ја создава криминогената власт во буџетот расте, а за тоа не се виновни граѓаните. Уште повеќе, нема ниту еден единствен зафат кој би ја оправдал таа дупка. Но затоа има криминогени дела поврзани со власта кои што секојдневно ја потресуваат јавноста

Картелот не мисли ниту на економија, ниту статистика ја интересира. Единствено се грижи како врз грбот на граѓаните што повеќе тендери и фондови да завршат во партиските џебови.

 

Граѓаните знаат кому да му ја испорачаат сметката за црнилата во кои се втурнати. И СДСМ тоа наскоро ќе го почувствува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа