Села: За Претседател или етнички Албанец или Денко Малески

Алијансата за Албанците ќе поддржат консензуален кандидат за претседател на државата, но само доколку тој биде Албанец, јавува Пресинг ТВ повикувајќи се на партиски извори.

Според информациите, во партијата стојат на ставот дека за претседател на државата ќе поддржат само етнички Албанец кој не мора да биде од нивната партија. Од Алијансата велат дека има многу интелектуалци Албанци кои заслужуваат да бидат претседател на Македонија.

Но, од партијата на Зијадин Села нагласуваат дека ќе го поддржат т.н консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ само доколку тој не биде партиски кандидат.

Во тој случај од Алијансата за Албанците размислуваат да излезат со свој кандидат. Од кандидатите Македонци кои би биле прифатливи за Алијансата е професорот Денко Малески.

Пред неколку денови премиерот Заев најави дека на анкетата што ја нарачале имало десет имиња со двајца Албанци меѓу нив. Пресинг ТВ објави дека еден од нив е професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега