Ѓорчев: Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, а камоли на претседателски избори

„Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, а камоли на претседателски избори“, вели Влатко Ѓорчев од својата пратеничка канцеларија на првиот кат од Собранието. Иако во парламентот вчера беше вообичаен ден со активности, за него е, сепак, посебен: првпат во законодавниот дом влезе како кандидат за претседател на државата. Телефонот постојано му ѕвони, прима пораки и поддршка за кандидатурата.

Во канцеларијата влегува неговиот партиски колега Антонио Милошоски. Срдечно се поздравуваат и се прегрнуваат.

„Со среќа“, му вели Милошоски.

„Заедно ќе победиме“, му враќа Ѓорчев.

Ексминистерот за надворешни работи практично до последен момент фигурираше како потенцијален кандидат на опозицијата за наследник на Ѓорге Иванов.

„Таа одлучност, мотивираност и волја ја има само кај Влатко“, коментира Милошоски.

Тој објаснува дека со Ѓорчев споделуваат блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Македонија потенцирајќи го Договорот за стратегиско партнерство со САД од 2008 година, како и оној со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа. Тие се познаваат добро уште од студентските протести во 1997 година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега