БЕСА нема да ги поддржи Заев и Ахмети на претседателските избори

Предлогот на ДУИ и СДСМ за претседател е коалициски договор, а не консензуален, изјави Фадил Зендели  од Беса.

 Тој рече дека во партијата се анализира ситуацијата за тоа како ќе настапи на претстојните претседателски избори.

„Во органите на партијата се анализира ситуацијата како да се излезе на претседателските избори. Алтернативите се да одиме заедно со албанската опозиција, може и со цивилното општество да се организираме, па заедно да излеземе“, рече Зендели.

Тоа што го заговара ДУИ и СДСМ, според Зендели, е коалиционен предлог или на мнозинството, како што тие се нарекуват.

„Консензуален е кога ќе се договорат сите партии и од власта и од опозицијата. Затоа за нас оваа идеја е неприфатлива“ рече Зендели.

Тој рече дека нив како опозиција им одговараат предвремени избори.

 „Ако власта сака да распише избори нека се изјасни затоа што нема да има време да се организираат заедно со претседателските“, рече Зендели.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега