СДСМ за вечер ја закажа седницата на Централниот одбор

Денеска ќе се одржи седмата седница на Централниот одбор на СДСМ, соопштуваат од партијата.

Почетокот на седницата е закажан во 19:00 часот, во седиштето на партијата во Скопје (голема сала).

Пред членовите на Централниот одбор на СДСМ на дневен ред се повеќе точки поврзани со процесот на реформите, напредокот на Македонија, интеграциите и членството во НАТО и ЕУ, актуелната политичка состојба во земјава, други политички и внатрепартиски прашања.

Се очекува Централниот одбор да донесе одлуки поврзани со отпочнувањето на внатрепартиската постапка за избор на кандидат за Претседател на државата како и одлуки за постапки за избор на кандидати за градоначалници во три општини за кои ќе се одржат локални избори оваа година.

Седниците на Централниот одбор се работни. Имајќи го предвид интересот на јавноста, медиумите кои се заинтересирани ќе имаат можност за фото и видео инсерти на почеток на седницата.

Како и за останатите седници, јавноста ќе биде информирана за заклучоците и одлуките по завршување на оваа седница на Централниот одбор на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега