СДСМ: Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, Законот е одложен, се наоѓа решение во интерес на пазарџиите и економијата

Антинародниот Христијан Мицкоски продолжува со лажната загриженост и со лицемерието кон граѓаните, велат преку соопштение од СДСМ

„11 години Хидро Мицкоски мислеше на сопствените интереси, на бизнисите со хидроцентралите кои ги доби од неговиот ментор Никола Груевски. 11 години Мицкоски не прозборе ниту збор за пазарџиите, за земјоделците, за граѓаните.Сега, уплашен од поразот што го чека на изборите, Мицкоски без идеја, без програма, лицемерно глуми загриженост.Доцни Хидро Мицкоски 11 години, доцни и сега , откако веќе законското решение е одложено. Пазарџиите можат да бидат спокојни,  ќе се најде вистинското решение кое ќе биде во интерес на економијата, земјоделците и пазарџиите.“ стои во соопштението од партијата.

Во соопштението тие наведуваат дека СДСМ секогаш била во заштита на интересите на граѓаните, така ќе биде и овојпат. Со компромис и меѓусебно разбирање градиме едно општество за сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега