СДСМ: Нема веќе пречки за влез во ЕУ и НАТО, повисоки плати и подобар живот
Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот.
Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.
Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.
Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.
Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот.
СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа