Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска со седница

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на Извршниот Комитет на партијата, а подоцна и седница на Централниот Комитет. На двете највисоки партиски тела ќе се разговара за актуелната политичка состројба за претседателските избори и барањето на партијата за предвремени избори.

Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во врска со одлуката за предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Власта практично државата ја носи во голема бездна. По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, Владата гледаме се впушти во нова трка на лажење на јавноста со измислени бројки, сакајќи да ја сокрие цеосната капитулација на економијата.

Седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне околу 14. часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2019 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега