СДСМ: Ја враќаме довербата во здравството што ја нарушија криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со соопштение реагираа на обвинувањата на опозицијата за здравството.

ВМРО-ДПМНЕ преку лажни наоди и невистини очајно се обидува да внесува неоснована паника меѓу граѓаните.

 Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем и ги поразија правата на пациентите.

 

 Негрижата кон граѓаните, криминалните тендери и сомнителниот паралелен увоз на лекови придонесе да се загуби довербата на граѓаните кон здравството.

 

 Хаосот што ВМРО ДПМНЕ го  создаде во здравството донесе катастрофални последии а резултираше и со над 15 илјади невакцинирани деца да има за само 11 години.

 

 Сега се тоа тоа се менува, со вистински политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство се враќа довербата во здравството, се унапредува здравствениот систем и правата на пациентите.

 

 Епидемијата е под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се  околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега