Ацевски: Сите пратеници да го поддржат одложувањето на Законот за трговија на зелените пазари

 

Предлогот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата да се одложат спорните одредби од Законот за трговија на зелените пазари за една година, со единствена цел да се најде соодветно и достоинствено решение ќе биде ставено на денешната собраниска седница, кажа пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски на денешната прес-конференција.

„Верувам дека сите пратенички групи ќе го поддржат овој предлог  и преку заеднички консултации со сите засегнати страни ќе дојдеме до одржливо решение во интерес на сите.

СДСМ иницираше одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време преку широк процес на консултации и дебата, да се дојде до заедничко решение. По усвојувањето на овие законски измени, како пратеничка група почнуваме процес на консултаци со сите засегнати страни.

Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, кажа Ацевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега