Костадинов: Мицкоски поднесе иницијатива за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

 

Иницијативата за распуштање на Собранието, всушност е иницијатива на Христијан Мицкоски за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кажа портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

„Дури ниту самиот Мицкоски не знае колку од неговите сопартијци и пратеници ќе го поддржат. Антизападниот Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и таа паника ја крие со вакви чекори. Тој нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција и блокади. Мицкоски не постапува и не размислува ниту државнички ниту одговорно. Тој е посветен само само на својот и интересот на неговите антизападни ментори“, кажа Костадинов.

Тој истакна дека Владата предводена од СДСМ влегува во економски поход.

„На агендата се силна економија, инвестиции, поврат на ДДВ кон граѓаните, повисоки плати, подобар животен стандард, нови работни места.

Влада која сите свои капацитети ги вложува во економија и напредок, која создава шанса за сите не размислува за оставка туку за доброто на граѓаните.

Мицкоски го чека пораз на следните избори и може уште сега да размислува само за сопствената оставка.

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и затоа ќе победи на претседателските избори, ќе победи и на парламентарните, кога и да се одржат“, изјави Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега