СДСМ: Мицкоски зборува за поделба на Македонија, во тоа нема да успее
СДСМ со соопштение контра ставовите на Мицкоски на МТВ вечерва.
Христијан Мицкоски зборува за поделба на Македонија како сите оние што не и мислат добро, се надева дека ќе ја врати Македонија во темното минато на поделби и тензии.
Но, тоа нема да му успее на Мицкоски. Граѓаните ги поразија неговите деструктивни, антизападни политики и одново ќе го поразат на претстојните претседателски избори.
Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту нов Груевски, нема да дозволат уште една марионета која ќе работи спротивно на државните и националните интерси, против НАТО и ЕУ.
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател убедливо ќе бидат поразени од мнозинството граѓани кои се определија за напредок, интеграција и иднина во едно општество за сите.
Граѓаните ќе изберат вистински претседател, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа