За една недела 7 заболени од вирусот Х1Н1, познат и како свински грип

За една седмица има 7 потврдени случаи на вирусот А Х1Н1, помеѓу народот познат како свински грип, дознава Алфа.

Како што информираат од телевизијата, поголемиот број од заразените се повозрасни, а се хоспитализирани се на различни клиники во Комплексот „Мајка Тереза“ поради посериозно заболување, а присуството на овој тип на грип може да доведе до компликации и да ја влоши нивната здравствена состојба.

На Инфективната клиника се прават анализи за уште еден пациент, кој има симтоми на ова заболување. Од таму за Алфа велат дека резултатите од лабораториските испитувања ќе ги добиеле утре.

Епидемиолозите очекуваат бројот на заболени да расте, а бидејќи вирусот А Х1Н1 неколку години не беше присутен, популацијата е поосетлива на овој тип на грип.

Во 2009 година, поради компликации од вирусот Х1Н1 имаше повеќе од 30 смртни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега