МЗ: Лажна вест е дека починала жена од слепо црево на Клинички центар бидејќи немало слободен кревет

Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево - немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено, соопштуваат од Министерството за здравство.

„Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот. Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни“, велат од министерството.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека пред објавување на веста не се контактирани надлежните институции, ниту се побарани изјави за овие информации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега