Стоилковиќ: Српската Влада е исклучително задоволна од македонската

Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија, од сето тоа што се случува во Македонија, порачува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, во интервју за КУРИР.

– Владата на Република Србија е исклучително задоволна од Владата на Република Македонија. Зошто? Од многу проста причина што 15-тина инвеститори кои во изминатиов период требаше да дојдат во Македонија, скоро сите во изминативе година-година ипол, си ги отворија своите капацитети во Република Србија. Од тој аспект српската Влада и целото политичко раководство е мошне задоволноод политиките на македонската Влада. Што се однесува до делот кога станува збор за можните решенија, ќе ве вратам на фактот дека овдека најдобро  за овој момент во кој се наоѓаме, одговара реченицата на Слободан Милошевиќ, за време на промените во Србија во 2000-та година кога рече дека некои грешки ќе се поправат, но некои грешки нема да може да се поправат, истакна Стоилковиќ во интервју за КУРИР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега