Јанева: Имавме средба со Мицкоски, разговаравме за имотот на ВМРО-ДПМНЕ и за поддршка да се продолжи мандатот на СЈО

Катица Јанева во вечерашното гостување во 1ТВ, изјави дека неодамна имала средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која разговарале за предметот „Талир“ кој се води за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за изградбата на Белата палата. Јанева на средбата побарала и поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на мандатот на СЈО.

-Имав средба со Мицкоски, тој ја побара. Пред Нова Година беше, ноември месец мислам. Разговаравме најмногу за предметот „Талир“ и за имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорот од моја страна беше кажано дека во однос на продолжување на мандатот бараме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат нашата работа. Мицкоски рече дека не може да влијае на пратениците, но дека ќе разговара со нив. Разговаравме во однос на замрзнувањето на имотот, во тој дел мислам дека му одговорив на прашањата кои ги постави – рече Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега