Многу несреќи на дождот во Скопје. Прегазени пешаци итно на Ургентен
Во 15.10 часот на крстосница од улица „Банско“ и улица „Рилски Конгрес“ во Скопје, патничко возило „Даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.И. од Скопје удрило во пешакот С.С.(92) од Скопје.
С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во 21.30 часот на улица „Лазо Трповски“ во Скопје, патничко возило „Хундаи санта фе“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(30) од Скопје.
С.С. се здобила со тешки телесни повреди и бил пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа