Му ја скршиле главата за пиперки - крвав инцидент во Кавадарци

Неколку лица од Кавадарци ќе убиеле свој сограѓанин за пиперки!  Се работи за 20-годишниот В.С. 22-годишниот Ф.С.и 47-годишниот Ц.С. кои пред неколку денови кај местото викано Бел Камен, го нападнале 40-годишниот К.М. за да му ги украдат пиперките.

Насилниците го удирале К.М. со огнено оружје, при што му нанеле повеќе повреди на главата, а потоа за да го заплашат испукале и еден куршум во воздух.

Пријавените си заработија мерка притвор во траење од еден месец за делото кое го направиле.

27.09.2013 - 12:10

најчитано сега