Трагедија: Македонец почина по тепачка во ноќен клуб во Австрија

 

29-годишен македонски државјанин почина како последица на жестока тепачка која се случила во австриската провинција Регау, во градот Веклабрук, соопшти австриската полиција, а пренесе порталот Лаумат.

- „29-годишен македонски државјанин им подлегна на повредите. Уште девет лица биле вклучени во тепачката и истите ќе бидат приведени. Телото на починатиот е предадено на аутопсија, која треба да ги открие причините за смртта“, соопштуваат од обвинителството, пренесе „Лаумат“.

Идентитетот не се открива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2019 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега