СДСМ не е членка на Социјалистичката интернационала туку само набљудувач

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, не само што во Социјалистичката интернационала е заведена под референцата ФИРОМ, туку не е ниту членка и има статус на набљудувач.

Иако заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска вчера сакаше да претстави дека СДСМ била примена во Светската организација на социјалдемократски партии, со уставното име на земјава, сепак фактите објавени на официјалната страна на Социјалистичката интернационала говорат нешто друго.

СДСМ е ставена во групата на партии набљудувачи со дополнение дека нашата најголема опозициска партија е деградирана во статус на набљудувач поради неплаќање на членарина.

Вчера од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека Шеќеринска по којзнае кој пат ја излажала македонската јавност.

-Фактите го говорат спротивното. На списокот на Социјалистичката интернационала, каде што СДСМ е членка набљудувач СДСМ е заведена под името FYR Macedonia. Референцата ФИРОМ, впрочем е наследството кое на државата и го остави СДСМ кога ги распродаваше националните интереси на државата. Токму за референцата ФИРОМ, СДСМ ја лажеше јавноста дека ќе трае само неколку месеци, а на крајот остана вечен товар на нашата земја кој до ден денес го носиме, реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалистичката интернационала е светска организација на социјалдемократски и социјалистички партии.

27.09.2013 - 16:00

најчитано сега