После трагичната смрт на тинејџерка, Инстаграм воведува нови правила

Откако татко на 14- годишно девојче поднел тужба против Инстаграм дека тие треба да сносат одговорност за нејзината смрт, надлежните на социјалата мрежа Инстаграм и ветиле да внесат ригорозни меркии контроли , па и забрани за објавување на било какви фотографии кои укажуваат на самоповредување.

Најавени се низа промени во правилникот, но и отстранување на секој пост што повикува на самоповредување, но и преиспитување на содржини кои може да содржат било каква опасност. Од друга страна пак фотографии од рани кои се заздравени остануваат дозволени.

Министерот за здравје на Велика Британиј,Мет Ханкок пред нкој ден во разговор го повикал главниот човек на Инстграм Адам Мосери.

„Ништо не ми е поважно од безбедноста на луѓето кои го користат Инстаграм. Не сме на саканото ниво кога се во прашање самоповредувањето и самоубиството, но мораме да направиме нешто повеќе на таа тема. На мене е одговорноста да издејствувам и да го направиме тоа што е можно побрзо, посебно поради најмладите членови кои го коростат Инстаграм.Че најдеме начин да отстраниме такви содржини, а ќе соработуваме и со експерти за да најдеме начин да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош“ рекол Адам.

Инаку одлуката за воведување на построги правила на Инстаграм се донесени по тужбата на Расел, татко на 14- годишно девојче кое се самоубило, а на нејзиниот профил на Инстаграм се најдени содржини со депресивни и самоубиствени мотиви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега