Трагедија: Почина уште едно лице од трагедијата во Македонија

 

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати лица во една од најтешките автобуски несреќи во историјата на Македонија се искачи на 15, јави Курир.

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента, ги пробил сите заштити, летнал на регионалниот пат, а оттаму во полето и се превртел.

На самото место животот го изгубија 7 лица, во болниците во Скопје на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.

Во скопските болници се згрижени уште 40 повредени, од кои неколку во тешка здравствена состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2019 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега