Лидерот на „Златна зора“ зад решетки

 Грчката полиција го уапсила лидерот на грчката десничарска партија „Златна зора“, Николаос Михалолиакос.

Според информациите кои ги пласираа светските медиуми, Михалолиакос бил приведен под обвинение за формирање криминална организација.

Единицата за борба со тероризмот трага по уште петмина пратеници на „Златна зора“, а се очекуваат уште наредби за апсења на припадници на оваа партија.

Строгите мерки се преземаат неколку дена по убиството на левичарскиот активист и рапер од член на „Златна зора“, што ги разбуди духовите во Грција.

28.09.2013 - 10:32

најчитано сега