ВМРО-ДПМНЕ: Струмица го има најголемиот тендерски скандал - Заев ја збогати цела фамилија

Општина Струмица го има најголемиот тендерски скандал во Македонија.

138.766.399 денари е вредноста на 29 јавни набавки кои до сега беа презентирани на јавноста, а ги доделил Зоран Заев и директорите кој тој ги поставува на фирми кои се во директна фамилијарна и сопственичка поврзаност со нив.

 

138.766.399 денари од граѓаните завршиле како прилив на сметките на фирмите од Кланот Заеви.

 

Општина Струмица и нејзините општински институции, да сублимираме, давале јавни набавки на фирми во кои сопственици се или биле: таткото на Зоран Заев, чичкото на Зоран Заев, братот на Зоран Заев и на неговиот бизнис ортак, братучедот на Зоран Заев, стрината на Зоран Заев, братучетката на Зоран Заев, снаата на Зоран Заев.

 

Од СДСМ нема одговор на овој најголем тендерски скандал што се случил во Македонија. СДСМ и нејзиниот претседател не собраа храброст да ги признаат фактите и да признаат дека целата фамилија Заеви учествувала во овој организиран систем.

 

Нивната одбрана се сведе на измислување и креирање на манипулации против лица од ВМРО-ДПМНЕ со цел да не заќутат. СДСМ се надеваше дека така работите ќе останат под тепих. Тоа ние никогаш нема да го дозволиме. Тоа не е начин на работа.

 

Целата јавност веќе го дознава скандалозниот системот на чија основа Зоран Заев креирал бизнис империја. Тој систем се вика Октопод. Политиката е само негов начин како да дојде до пари за фирмите од неговата фамилија.

 

Велат и други фирми добивале јавни набавки во Општина Струмица, а ние треба да прифатиме дека среќа е што сите тендери на ги дал на татко му и брат му. Според нив, можело и тоа. Ако некој има судир на интерес дури 29 пати при доделување на јавни набавки, тоа јасно говори за одговорноста.

 

ВМРО-ДПМНЕ го разоткри во целост ваквиот систем во кој што Зоран Заев не е сам, тој вклучил и други високи партиски функционери на СДСМ. Доказ за тоа се јавните набавки од Општина Струмица кои ги добивал шурата на сегашниот пратеник на СДСМ Панче Орцев, а тој пак како директор на ЈКПД Комуналец за возврат давал јавни набавки на фирмите од Кланот Заеви.

 

Ако Струмица е најуспешниот пример како СДСМ треба да работи, тоа значи дека СДСМ има намера ваквиот модел да го спроведува секаде во Македонија.

 

Ако Заев е најчесниот во СДСМ, тогаш можеме да замислиме какви се другите.

 

СДСМ има сериозен проблем. СДСМ нема кредибилитет. Зоран Заев нема кредибилитет.

Сите наши тврдењеа се потврдени со документи и докази. Сите прашања, изобличувања и тврдења од страна на СДСМ се со карактер на улично оговарање. Време е СДСМ да ги прифати фактите.

 

Време е Зоран Заев да ја прифати моралната одговорност и да и се извини на македонската јавност.

 

 (Интегрален текст од прес-конференција на Иво Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ)

 

 

28.09.2013 - 13:02

најчитано сега