Уште 52 семејства со новороденчиња добија помош од Кисела Вода

 

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели ваучери уште на 52 семејства од општината кои имаат принова и кои доставија комплетна документација за еднократна парича помош од 6.000 денари.

- Откако ја донесовме одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од 6.000 денари на секое семејство од општината со принова, за неполни четири месеци доделивме преку 100 ваучери. Ова покажува дека нашата цел е остварена, да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, рече Беличанец – Алексиќ.

Градоначалничката на Кисела Вода упати апел до сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

- Оваа мерка што ја донесовме заедно со Советот на општина Кисела Вода е во вистинско време и ќе се доделува до крајот на истекот на мојот мандат, рече Беличанец - Алексиќ.

Досега во Кисела Вода се доделени вкупно 106 ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња. 

28.09.2013 - 13:29
Фото: 
канал 5

најчитано сега