Скопјанец си пронашол арамија во спална

27 годишниот скопјанец Н.Д. заработи кривична пријава за извршени три кражби во станови и куќи низ Скопје, а исто така кривично пријавени се и скопјаните Б.К. (23), Н.Т. (22) и А.П. (27), поради основано сомнение дека извршиле кривично дело – „тешка кражба во стан“. Со извршените кривични дела  крадците се збогатиле за 183.000 денари, информираат од МВР.

Првата кражба била извршена при крајот на август 2010 година. Според МВР, Н.Д., Б.К., Н.Т. и А.П. со автомобил „Пежо“, отишле на булевар „Јане Сандански“ до станот на ограбениот З.С., се прекачиле на балконот, ја скршиле вратата и успеале да влезат внатре. Крадците украле златни ланчиња, златни прстени, комплет накит од Сваровски, обетки, копчиња за манжети од кошула, лап-топ компјутер, радио–ЦД, машки часовници „Своч“ и „Келвин Клајн“ како и парфеми, и натоварени со богатството избегале оттаму. 

Втората кражба ја извршил Н.Д. на почетокот на јули годинава во куќа лоциранна на улицта „Ѓеорѓи Скржевски“ во Скопје. Тој успеал да провали во куќата на В.М. и украл златен женски  прстен  и пари.

Н.Д. ја извршил третата кражба на 12. август годинава. Тој провалил во куќа на улицата „Тоне Тоншиќ“, почнал да пребарува, но, сопственикот Е.С., го фатил на дело и го пријавил во полиција. Н.Д. бил приведен од страна на полициските „Алфи“. 

28.09.2013 - 13:43

најчитано сега