Дел од врвот на Златна Зора зад решетки

Грчката полиција уапси четворица високо позиционирани членови на грчата крајнодесничарска партија Златна Зора. Во серијата апсења на партиски членови, приведени се лидерот на „Златна зора“, Никос Михалолиакос и партискиот портпарол Илијас Касидиарис. Илијас Панајотарос кој е пратеник и член на Златна Зора сам се предал во полиција, велејќи дека го барале на погрешна адреса. Јанис Лаго кој е исто член на Златна зора е уапсен. 

Вакво апсење на пратеници се случува за прв пат од 1974 година во Грција. 

-Вкупно се идадени 35 наредби за апсења на членови на неонацистичката „Златна зора“, изјавија полициски службеници. Според нив, операцијата се уште трае.

„Златна зора“ го изрази својот гнев од апсењата во писмено соопштение. „Ние ги повикуваме сите да ја поддржат нашата морална и праведна борба против корумпираниот систем“, се наведува во соопштението.

Грчкиот владин портпарол одби да коментира детали од операцијата.

-Демократијата може да се заштити. Праведноста ќе ја заврши својата работа, изјави Симос Кедикоглу.

Николаос Михалолиакос, бил приведен под обвинение за формирање на криминална организација. Лидерот на „Златна зора“, исто така, е пратеник во грчкиот парламент.

Мерките се преземаат неколку дена по убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисас од член на „Златна зора“, што ги разбуди духовите во Грција.

28.09.2013 - 13:55